Почетна » Новости » Шоу-бизнис » „Добредојде дома принцезо“: Џанлука Ваки со слатко изненадување ги пречека дома саканата и новородената ќеркичка

„Добредојде дома принцезо“: Џанлука Ваки со слатко изненадување ги пречека дома саканата и новородената ќеркичка

Џанлука Ваки со емотивно изненадување ја дочека дома саканата Шерон Фонсека и нивната новородена ќеркичка Блу Џерусалема.

Во дворот на 53-годишниот милионер беа поставени бројни мечиња, слончиња и балони, а портата беше украсена со голема розова панделка. Среќната нова мајка беше пречекана и со маса со декорации и слатки со името на бебето. 25-годишната Фонсека, која се породи пред речиси една недела, не можеше да ги задржи солзите.

Видеото го споделија и двајцата на Instagram:

„Добредојде дома принцезо“ – напиша Џанлука.

„Добив топло добредојде во куќата. Мое бебенце ти ни ги исполни срцата и душите со светлина“ – напиша среќната мајка.

Шерон пред неколку дена го нарече Џанлука „најневеројатниот татко“ во сладок пост на популарната социјална мрежа.

„Изминатата недела искусив некои неизвесности, но истовремено ги имав и најубавите моменти во мојот живот. Низ сето тоа, ми ја држеше раката кралу мој. Ни ја даде силата и спокојството кои ни беа потребни. Животот нè благослови со тебе. Од првиот ден ти си најневеројатниот татко кој можев да го посакам за моето малечко“ – напиша таа.

Парот, кој е екстремно популарен на социјалните мрежи, ја доби ќеркичката во вторникот, на 27 октомври.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10613 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.