Амал Клуни и Синди Крафорд беа диско ѕвезди на забавата за Халовин организирана од нивните сопрузи, Џорџ Клуни и Ренди Гербер.
Двете дами ја испочитуваа темата на забавата и избраа маски во стилот на 70-тите години.




39-годишната адвокатка буквално блескаше во креација од брендот „Halpern“. Својот ретро стајлинг, Амал го комплетираше со афро фризура, големи обетки, впечатливи очила за сонце и розова чантичка.



Амал постојано добива комплименти за витката фугура, а тоа е сосем разбирливо кога ќе се земе предвид фактот што таа роди близнаци пред само четири месеци.






Супермоделот од 90-тите години изгледаше младолико во црвено-розов фустан и крзнен бел шал.






Џорџ и Ренди традиционално секоја година организираат забава пред Халовин преку заедничкиот бренд за текила Casamigos.