Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Деми Мур хоспитализирана

Деми Мур хоспитализирана

Деми Мур синоќа беше хоспитализирана. Познатата актерка завршила в болница поради преумореност и ќе остане хоспитализирана за да добие стручна помош за подобрување на состојбата.

Румер и Деми МурДеми Мур изгледа преслаба на црвениот тепих со својата ќерка Румер

„Поради стресовите во нејзиниот живот, Деми избра да побара професионална помош за лекување на нејзината истоштеност и за подобрување на нејзиното целосно здравје. Таа очекува подобрување и е благодарна за поддршката од семејството и пријателите“ – изјавил нејзиниот претставник за јавноста преку соопштение.

Според TMZ, по добиен повик, брза помош пристигнала во домот на Мур во Лос Анџелес и откако медицинските лица направиле преглед, решиле да ја транспортираат в болница.

Иако нејзиниот претставник изјавил дека се работи за преумореност, според извори на TMZ, наводно на Мур ѝ се слошило поради злоупотреба на супстанци.

Во последните неколку месеци медиумите пишуваа дека Деми изгледа многу слабо и сите го припишуваа тој изглед на брачните проблеми. Во ноември минатата година 49-годишната актерка изјави дека се разведува од Ештон Кучер по шестгодишен брак. Најверојатно причина за разводот беше неверство од страна на Ештон.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11039 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.