Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Деми Мур во скандал поради Фотошоп?

Деми Мур во скандал поради Фотошоп?

Деми Мур

Корицата на декемвриското издание на списанието „W“, на која самоуверено позира Деми Мур, предизвика бурни реакции во интернет пространството.

Наводно, за корекции на изгледот на холивудската актерка била користена програмата Фотошоп многу повеќе, отколку што било потребно. Како резултат на тоа, 47-годишната Деми останала со различни колкови.

На озборуваната слика навистина може да се види дека левиот колк ѝ е помал од десниот, но многу е мала веројатноста толку очигледен „пропуст“ да помине незабележан пред очите на многуте вработени во списанието „W“.

Во меѓувреме, четириесет и седумгодишната актерка веднаш побрза да ги побие лошите гласини дека нејзиното тело е моделирано до Фотошоп.

„Ја сакам сликата и можам само да кажам дека би сакала да имам такво добро осветлување да ме следи по цел ден. Моите колкови не се обработувани со Фотошоп. Едноставно сум слаба во моментов.“ – напиша Мур на Tweeter.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9532 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.