Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Деми Ловато со фотографии објави дека се вери, погледнете го блескавиот прстен

Деми Ловато со фотографии објави дека се вери, погледнете го блескавиот прстен

Деми Ловато ќе заплива во брачните води. 27-годишната пејачка се вери со актерот Макс Ерик по 5-месечна врска.

Музичката ѕвезда сподели фотографии од моментот на романтичното запросување на плажа и го покажа големиот блескав прстен.

Деми Ловато и Макс Ерик Деми Ловато и Макс Ерик

„Кога бев мала, татко ми отсекогаш ме нарекуваше негов ‘мал партнер’ – нешто што можеби ќе звучеше чудно без неговиот јужен каубојски акцент. За мене, тоа имаше совршена смисла. И денес, тој збор повторно има совршена смисла, но овојпат официјално ќе бидам партнер на некој друг.“

„Макс, знаев дека те сакам од моментот кога те запознав. Тоа беше нешто што не можам да им го опишам на оние личности кои го немаат искусено лично. Никогаш не сум се чувствувала толку безусловно сакана од некој друг во животот (освен од моите родители). И ти правиш да сакам да бидам најдобрата верзија од себеси. Чест ми е што ја прифаќам твојата понуда за брак. Те сакам повеќе отколку што може да се искаже во еден опис, но возбудена сум што ќе основам семејство и живот со тебе. Ќе те сакам засекогаш“ – напиша Ловато.

Деми Ловато и Макс Ерик Деми Ловато и Макс Ерик Деми Ловато и Макс Ерик Деми Ловато и Макс Ерик

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10499 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.