Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Деловна дама во црно: Бремената Амал Клуни во Њујорк

Деловна дама во црно: Бремената Амал Клуни во Њујорк

Амал Клуни не знае за одмор.

Бремената адвокатка, која е во брак со актерот Џорџ Клуни, одржа говор во седиштето на Обединетите Нации во Њујорк на Меѓународниот ден на жената. 39-годишната Британка со либанско потекло носеше црн женски костум и салонки од Салваторе Ферагамо.

На фотографиите, покрај Амал е нејзината клиентка Надја Мурад, која е поранешна жртва на ИСИЛ и номинирана за Нобелова награда за мир.

Амал Клуни Амал Клуни Амал Клуни Амал Клуни

Мисијата на влијателната правничка е да ги убеди ОН да отворат истрага против ИСИЛ за геноцид. Таа постојано контактира со девојки и војници кои биле силувани или држени како робови од Исламската држава.

Поради ризичните случаи врз кои работи Амал, таа и Џорџ во моментов избегнуваат да патуваат во земјите кои претставуваат потенцијална опасност. „Одлучивме да бидеме поодговорни за да ја избегнеме опасноста. Јас нема повеќе да одам во Јужен Судан или Конго, а Амал повеќе нема да оди во Ирак и ќе ги избегнува местата каде што знае дека не е добредојдена“ – изјавил Џорџ.

Амал Клуни

Амал и Џорџ очекуваат близнаци, а се шпекулира дека се момче и девојче.

Џорџ и Амал Клуни

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11530 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.