Првата годишнина од бракот, Двејн Џонсон и Лорен Хашијан ја одбележаа со свадбено видео во кое е за првпат е објавена песната со која таа го изненадила по венчавката на Хаваи.


Лорен ја напишала „Step Into a Love Like This“ две недели пред свадбата и му ја отпеала на интимната прослава. „Имав чест да го изненадам мажот кој сега го нарекувам сопруг со оваа песна на денот кога се венчавме на Хаваи пред нашите семејства, пријателите и двете прекрасни ќерки, Џази и Тиа“ – изјавила Лорен.
Во спотот, освен што се вклучени моменти од свадбата, е прикажана и снимка од предлогот за брак на Џонсон.
Видео

Двејн и Лорен се во врска од 2007 година. Во декември 2015 тие станаа родители на ќеркичката Џасмин, а во април 2018 година им се роди ќерката Тијана.



