Христијан Тасковски – Таско се разнежни од специјален ден. Имено, неговото синче Лукијан наполни две години.
29-годишниот рапер со емоции се присети на моменти од неговото растење и објави видео со порака за малиот славеник, кој за роденден си доби подарок мотор.

Прочитајте ја пораката:
Како растеш, раснам и јас со тебе.
Како учиш, учам и јас со тебе.
Како движиш, движам и јас со тебе.
И да те немаше тебе, ќе ме немаше и мене.
Среќен роденден сине.
Таско сподели снимки од секој месец од животот на малиот Лукијан.


























Таско и неговата сопруга Наташа имаат и ќеркичка, која се роди во септември минатата година.
