Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Горд татко: Марк Закерберг сподели слатка фотографија со новородената ќеркичка

Горд татко: Марк Закерберг сподели слатка фотографија со новородената ќеркичка

Марк Закерберг и Присила Чен неодамна станаа родители, а основачот на Facebook не крие колку многу е среќен што доби ќеркичка. По три спонтани абортуси, познатиот пар конечно го доби своето прво дете.

Гордиот татко сподели слатка фотографија на Facebook, на која лежи на подот со малечката Максима, внимателно прегнувајќи ја.

Марк Закерберг со Максима

На 1 декември Закерберг и неговата сакана сопруга го соопштија раѓањето на нивната ќеркичка со прекрасно писмо во кое ѝ кажуваат на Макс дека сакаат да израсне во свет подобар од нашиот денес. Во него, Марк, исто така, објавува дека додека се живи со Присила ќе донираат 99% од своите акции во Facebook или 45 милијарди долари за постигнување на еднаквост кај децата од наредната генерација, образование, лекување на болести и градење на силни заедници.

Priscilla and I are so happy to welcome our daughter Max into this world!For her birth, we wrote a letter to her about...

Posted by Mark Zuckerberg on Tuesday, December 1, 2015

Закерберг целосно се посвети на татковството и објави дека ќе земе два месеци породилно отсуство за да се поврзе со малата ќерка и да поминуваат што повеќе време заедно.

Марк и Присила фотографирани од реномираната фотографка Ени ЛибовицМарк и Присила фотографирани од реномираната фотографка Ени Либовиц

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11188 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.