Почетна » Новости » Шоу-бизнис » „Го сакам моето тело уште повеќе од претходно“: Шерон Фонсека покажа како изгледа по породувањето заедно со порака

„Го сакам моето тело уште повеќе од претходно“: Шерон Фонсека покажа како изгледа по породувањето заедно со порака

Две и пол недели по раѓањето на ќеркичката, Шерон Фонсека покажа како изгледа нејзиното тело заедно со искрена порака.

25-годишната девојка на Џанлука Ваки сподели фотографија на која позира по долни тренерки и градник и слободно може да се каже дека изгледа одлично.

Шерон Фонсека

Во пораката на Instagram, таа напиша:

Две недели по породувањето. Во текот на бременоста качив 10 килограми и полека се враќам во „нормала“. Моето тело процесира сè! Сè уште е многу различно од порано. Имам конци од царскиот рез, сè уште не чувствувам половина од мојот стомак и имам стрии околу градите. Процесот на закрепнување е долг и јас се движам бавно низ него.

Всушност, се хранам многу поздраво отколку во бременоста (бидејќи Блу не сакаше зеленчуци), го носам мидерот кој ми го препорача докторот за да ми помогне со опоравувањето по операцијата. Можеби звучи клише, но сè уште сум одушевена од она што можат да го направат нашите тела за нас. Уживам во секое едно нешто и го сакам моето тело уште повеќе од претходно.

Дополнување: Темната линија на мојот стомак е линија на бременоста и се нарекува „Linea nigra“ и исчезнува со текот на времето, не ми е царскиот рез.

Шерон Фонсека Шерон Фонсека

Шерон и Џанлука ѝ посакаа добредојде на овој свет на ќеркичката Блу Џерусалема Ваки на 27 октомври. Бебето се роди со царски рез, но тоа не ја спречи Шерон деновиве да танцува во едно од видеата на нејзиниот сакан.

Парот сподели и слатко семејно видео.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9491 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.