Гвинет Палтроу и Бред Фелчак се на одмор во Италија додека се засилуваат гласините дека планираат свадба до крајот на летото.
Славниот пар беше фотографиран на јахта во Капри на која престојуваа и познатиот дизајнер Валентино Гаравани и неговиот долгогодишен бизнис партнер Џанкарло Џамети.
45-годишната актерка и 47-годишниот продуцент и режисер ја прославија свршувачката во април со забава на која присуствуваа многу славни личности.
