Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Во Скопје започнува снимањето на новиот филм „Денот на жената“

Во Скопје започнува снимањето на новиот филм „Денот на жената“

Денес во Скопје започнува снимањето на филмот „Денот на жената“.

Новиот филмски проект ќе биде во режија на Гоце Цветановски, а темата на крими трилерот e трговијата со жени и присилната проституција.

Главната женска улога ѝ припадна на Слаѓана Вујошевиќ. Талентираната актерка, чиј глас е познат по ликот Биби од детскиот анимиран серијал „Сказните на Биби“, ќе глуми новинарка која смело истажува и разоткрива вистини пред јавноста.

Слаѓана Вујошевиќ и Гоце ЦветановскиСлаѓана Вујошевиќ и Гоце Цветановски

Главните машки улоги ќе ги толкуваат Муса Исуфи и Исмаил Касуми, актери од Кумановскиот театар кои се имаат закитено со бројни награди на повеќе меѓународни филмски фестивали.

Официјален постер за „Денот на жената“Официјалниот постер за „Денот на жената“

Покрај Цветановски, продуценти на филмот се и Богдан Јончевски и Дритон Рамадани.

Директор на Фотографија е Фејми Даут, кој минатата година беше номиниран за Оскар за филмот „Медена Земја“. Даут е добитник на повеќе меѓународни признанија за најдобра фотографија, меѓу кои и престижната награда од Американската Асоцијација на Кинематографи.

Гоце Цветановски е наградуван режисер и продуцент од Македонија. Студирал филмско сценарио и режија во Париз, Франција, каде што живее од 1998 до 2015 година. Има режирано и продуцирано околу 20 кратки филмови, прикажани на над 100 филмски фестивали во светот.

Во 2015 година станува креативен директор на Lynx Animation Studios, најголемо студио за 2Д анимација на Балканот, и се враќа во Македонија каде што работи на првиот македонски долгометражен анимиран филм, научно фантастичната комедија „Јон Вардар против Галаксијата“. Со буџет од 1.2 М евра, ова е досега најголем проект за анимација во регионот на Балканот и е копродукција меѓу Унгарија, Бугарија и Хрватска.

Гоце е исто така режисер на најуспешната македонска анимирана ТВ серија со над 15 милиони прегледи на Јутјуб за помалку од две години, а во моментов и најбрзо растечки детски бренд на Балканот, „Сказните на Биби“.

Во 2016 година, Гоце го режираше музичкиот спот „Cone of Shame“ за познатиот американски рок / метал бенд Faith No More. Видеото доби одлични критики од музички списанија низ целиот свет, вклучувајќи ги Ролинг Стоун, Метал Хамер, Консеквенс оф Саунд и многу други.

Филмот се снима со поддршка на Агенцијата за филм. Медиумски партнери на проектот се femina.mk, fakulteti.mk, skd.mk и Слободен печат.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10389 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.