Влатко Лозаноски доби значајно признание во соседна Србија и прослави во најубавото друштво.
На манифестацијата „Краљевски оскар популарности“, на Лозано му беше врачена наградата за поп изведувач на годината од Македонија.


40-годишниот пејач прослави со малиот син Марко и наздрави со шишенце Coca-Cola, на кое пишуваше „Шмекер“.

Оваа манифестација секоја година ги одликува највлијателните музички имиња од Балканот.
Лозаноски го чува својот приватен живот подалеку од будното око на медиумите. Македонскиот музичар ги изненади фановите со веста дека доби синче во октомври минатата година. Досега не е откриено која е неговата партнерка.

