Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Викторија Лоба во црн фустан со деколте и шлиц го промовираше својот прв албум во Скопје

Викторија Лоба во црн фустан со деколте и шлиц го промовираше својот прв албум во Скопје

Викторија Лоба во ресторанот „Four“ го промовираше својот прв студиски албум „Нов свет“, кој има и англиско издание насловено „New World“.

„Сè уште не можам да си ги соберам импресиите и емоциите! Мојата среќа нема крај. Ви благодарам на сите кои бевте на вчерашната промоција на мојот албум „НОВ СВЕТ“, верувам дека успеав преку музичките вибрации да ви ја пренесам пораката и да ви подарам НОВ СВЕТ, свет исполнет со љубов и среќа“ – напиша Лоба на Instagram.

На настанот, македонската музичка ѕвезда носеше црн фустан со деколте и висок шлиц.

Викторија Лоба Викторија Лоба

Музички продуценти на албумот се Марга Сол и Роберт Билбилов. Викторија Лоба се појавува како текстописец на албумот, во кој на суптилен начин го раскажува сопствениот живот.

Викторија Лоба Викторија Лоба Викторија Лоба Викторија Лоба

Во рамки на настанот, Лоба и Марга Сол настапија со песните „Она вистинско“, „Девет работи“ „All the love“ и „Нов свет“ кои се дел од новиот албум. Промоцијата помина во одлична атмосфера, а Марга Сол ги забавуваше гостите до самиот крај. Својата поддршка на Лоба ѝ ја дадоа бројни славни личности, меѓу кои Роберт Билбилов и Тајзи, со кои Лоба има две соработки, односно дуети во рамки на албумот.

Викторија Лоба Викторија Лоба Викторија Лоба Викторија Лоба Викторија Лоба Викторија Лоба Викторија Лоба Викторија Лоба Викторија Лоба Викторија Лоба

ВИДЕО

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11131 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.