Викторија Бекам организираше забава по повод 10-годишнината од основањето на нејзиниот бренд, на која присуствуваа бројни славни лица.
44-годишната дизајнерка беше придружувана од сопругот Дејвид Бекам и најстариот син Бруклин. За настанот, Викторија избра модели од својата најнова колекција за сезоната пролет/лето 2019.





Расположената Викторија во еден момент танцуваше на песната „Spice Up Your Life“ и сподели видео на Instagram:
Видеа
Покрај Дејвид и Бруклин, поддршка на Викторија ѝ дадоа и сестра ѝ Луис Адамс, золва ѝ Џоан Бекам и бројни пријатели.
















