Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ВИДЕО: Шакира ја отпеа „Imagine“ пред папата во Њујорк

ВИДЕО: Шакира ја отпеа „Imagine“ пред папата во Њујорк

Шакира настапи во салата на Генералнотo coбраниe на Обединетите Нации во Њујорк. Популарната Колумбијка ја отпеа „Imagine“ од Џон Ленон на состанокот на кој присуствуваше и папата Францис.

38-годишната пејачка им ја посвети песната на малите братчиња Ајлан и Галип Курди од Сирија кои се удавија додека се обидуваа со чамец да стигнат до грчкиот остров Кос.

Видео

Настапот доби критики, поради текстот „Imagine there’s no Heaven… and no religion, too“, бидејќи Шакира пееше непосредно откако папата одржа говор.

Шакира, која е амбасадор на добрата волја на УНИЦЕФ, носеше бела креација од Рим Акра.

Шакира Шакира Шакира Шакира Папата Францис

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11349 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.