Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ВИДЕО: Трејлер за „Убиство во Ориент Експрес“ со Џони Деп, Мишел Фајфер и Пенелопе Круз

ВИДЕО: Трејлер за „Убиство во Ориент Експрес“ со Џони Деп, Мишел Фајфер и Пенелопе Круз

Објавен е вториот официјален трејлер за најновиот проект на британскиот режисер Кенет Брана, „Убиство во Ориент Експрес“. Покрај самиот Кенет Брана, кој се појавува во улогата на најпознатиот фикциски јунак на Агата Кристи - белгискиот детектив Херкул Поаро, актерската екипа вклучува повеќе ѕвезди меѓу кои Џони Деп, Пенелопе Круз, Мишел Фајфер и Дејзи Ридли.

Трејлерот ветува возбудливо доживување во киносалите за љубителите на жанрот крими. Овој филмски проект на Брана претставува адаптација на најпознатиот крими роман на реномираната писателка Агата Кристи, истоимениот роман од 1934 година. Мистериозното убиство, кое се случува на возот, отвора тешка работа за остроумниот детектив. Осомничени се сите 13 патници на прва класа, кои постојано меѓусебно се обвинуваат. Поаро мора брзо да проникне во нивните тајни, пред убиецот да нападне повторно.

Не пропуштајте ја возбудливата приказна на Агата Кристи, која ќе започне да се прикажува на филмските платна во киносалите на 10 ноември!

Убиство во Ориент Експрес Убиство во Ориент Експрес Убиство во Ориент Експрес Убиство во Ориент Експрес Убиство во Ориент Експрес Убиство во Ориент Експрес Убиство во Ориент Експрес Убиство во Ориент Експрес Убиство во Ориент Експрес

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11035 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.