Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ВИДЕО: Тијана Дапчевиќ како Џеси Џеј во „Твоето лице звучи познато“

ВИДЕО: Тијана Дапчевиќ како Џеси Џеј во „Твоето лице звучи познато“

Тијана Дапчевиќ ја отвори четвртата епизода од најновата сезона на „Твоето лице звучи познато“.

41-годишната пејачка овојпат имаше задача да ја имитира Џеси Џеј и ги изведе хитовите „Bang Bang“ и „Burnin' Up“ на музичката ѕвезда.

Жирито повторно не ги штедеше комплиментите за Тијана.

„Нè фрли во транс. Каков почеток на емисијата! Какво шоу, какво танцување, какво пеење, каков спектакл. Одушевен сум“ – ѝ коментираше Бранко Џуриќ Џуро.

„Тијана, прво што морам да забележам, ти и јас се знаееме сто години, а во меѓувреме ти стана таква мачка, толку добро ти стои таа црна коса. Најбитно, ти конечно ги доживеа своите вистински пет минути за да покажеш дека Тијана е шоумен, изведувач, пејачка, танчарка и мултиталентирана ѕвезда. Се гордеам со тебе“ – рече Јелена Карлеуша.

Минатата недела Дапчевиќ влезе во улогата на Џастин Тимберлејк, а наредно ќе ја имитира Дара Бубамара.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10614 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.