Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ВИДЕО: Спот на Ријана и Дејвид Гета за „Who's That Chick“

ВИДЕО: Спот на Ријана и Дејвид Гета за „Who's That Chick“

За време на викендот непланирано на интернет се појави нов спот на Ријана и Дејвид Гета за песната „Who's That Chick“.

РијанаРијана во спотот за „Who's That Chick“

Веселото видео е дело на Џонас Акерлунд, којшто е одговорен и за создавањето на многу популарни спотови како „Paparazzi“ на Лејди Гага и „Telephone“ на Лејди Гага и Бијонсе. Во спотот е прикажана Ријана, облечена во различни разнобојни креации како танцува во колоритна просторија.

Сепак, како што самата Ријана појасни, оваа песна нема да биде дел од нејзиниот нов албум Loud. „Who's That Chick е онлајн музичко видео/реклама која ја снимивме за Doritos и се појави пред планираното. Не сакам да се збуните... Doritos не е на никаков начин поврзан со Loud“ – изјавила Ријана.

Погледнете го спотот што е во стилот на Кети Пери, а кој дефинитивно покажува дека Ријана го има надминато „темниот“ период на нејзиниот минат албум „Rated R“.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 10979 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.