Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ВИДЕО: Селена Гомез одговара на 73 прашања за „Вог“ во својот дом

ВИДЕО: Селена Гомез одговара на 73 прашања за „Вог“ во својот дом

Селена Гомез ја покани екипата на „Вог“ во својот дом за да сними интересно интервју во кое одговара на 73 кратки прашања.

Во видеото, 24-годишната пејачка открива дека она што најмногу ја плаши е да изгуби сакана личност, ја опишува Натали Портман како најмодерна жена која ја познава и признава дека најмногу се огледува на својата мајка.

Кога беше запрашана кој е најдобриот совет што го добила од мајка си, таа одговори: „Однесувај се кон другите онака како што сакаш тие да се однесуваат кон тебе“.

Селена е ѕвезда од априлското издание на модната библија. Во интервјуто за списанието, таа зборуваше за неколкумесечната пауза во која потполно се посвети на личниот живот, за славата на Instagram и за соочувањето со депресија и анксиозност.

Селена Гомез

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11493 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.