Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ВИДЕО: Новиот трејлер за филмот „Unbroken“ на Анџелина Џоли

ВИДЕО: Новиот трејлер за филмот „Unbroken“ на Анџелина Џоли

Анџелина Џоли по вторпат ја зеде режисерската палка, а нејзиното ново дело е филмот „Unbroken“. Филмот е базиран на вистинската приказна за Луи Замперини, воен херој заробен и мачен од Јапонците за време на Втората светска војна.

За жал, Замперини не ја дочека премиерата која е закажана за 25 декември и почина минатата недела, на 97-годишна возраст.

Анџелина Џоли и Луи ЗампериниАнџелина Џоли и Луи Замперини

Трејлерот го следи животот на Замперини, кој учествувал на Олимписките игри во 1936 година, а за време на Втората светска војна бил дел од военото воздухопловство на САД.

Во април 1942 година тој и двајца негови сопатници преживеале авионска несреќа. Цели 47 дена тие пловеле по Тихиот Океан, гасејќи ја жедта со вода која ја собирале додека врнело дожд и хранејќи се со мали риби кои ги јаделе живи. Но, кошмарот на Замперини продолжил, бидејќи тој бил заробен од Јапонците и садистички мачен до крајот на војната.

Филмот е сниман според бестселерот „Unbroken: A World War II Story of Survival, Resilience, and Redemption“.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11255 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.