Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ВИДЕО: Мараја Кери падна на сцената

ВИДЕО: Мараја Кери падна на сцената

Мараја Кери, за која се претпоставува дека е бремена, падна на сцената за време на настап во живо во Сингапур. Машките танчери кои настапуваа со неа веднаш ѝ помогнаа да се врати на нозе.

Мараја КериМараја Кери на подот на сцената за време на настап во живо

Популарната пејачка успеа и да се пошегува со малата незгода обраќајќи ѝ се на публиката со зборовите: „Намерно го направив тоа“.

Очигледно беше дека причината за губењето на рамнотежата се нејзините високи потпетици, па Мараја несакајќи да ризикува, повика на сцената асистентка која ѝ помогна да ги соблече обувките и да го продолжи настапот боса.

Многу странски медиуми неколкупати објавија вести дека 40-годишната пејачка е најверојатно бремена, но сè уште нема официјална потврда за тоа ниту од Мараја, ниту од нејзиниот сопруг Ник Кенон.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10360 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.