Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ВИДЕО: Мадона падна на сцената на Brit Awards, но го продолжи настапот

ВИДЕО: Мадона падна на сцената на Brit Awards, но го продолжи настапот

Мадона настапи првпат по 20 години за време на доделувањето на Британските музички награди. Но, уште на почетокот на песната „Living for Love“, кралицата на поп-музиката падна поради проблем со огромната наметка.

56-годишната ѕвезда се појави на сцената со драматична наметка од Армани. Идејата била уште на почетокот на настапот таа да ја одврзе наметката и еден од танчарите силно да ја повлече. Сепак, наметката била врзана премногу цврсто и Мадона не успеа да ја одврзе навреме, па кога танчарот ја повлече наметката, славната пејачка летна преку неколку скали и падна на сцената.

На Мадона ѝ беа потребни само неколку секунди за да се соземе и како вистински професионалец да го продолжи настапот.

„Мојата прекрасна наметка беше врзана премногу цврсто! Но, ништо не може да ме запре, а љубовта навистина ме подигна! Ви благодарам за убавите желби! Добро сум!“ – напиша Мадона на Instagram.

Мадона Мадона Мадона Мадона Мадона

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9473 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.