Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ВИДЕО: Емотивната Адел плаче и пцуе на сцената откако астронаут ѝ додели награда од вселената

ВИДЕО: Емотивната Адел плаче и пцуе на сцената откако астронаут ѝ додели награда од вселената

Адел очекувано се искачи на врвот на листата на победници на синоќешното доделување на Британските музички награди. Но, 27-годишната ѕвезда, која со своето враќање на музичката сцена сруши неколку рекорди, не успеа да ги исконтролира своите емоции.

За време на говорот по примањето на третата статуетка, Адел плачеше и пцуеше на сцената. Наградата за Глобален успех ѝ беше доделена од вселенска станица од астронаутот Тим Пик, кој призна дека Адел има обожаватели и надвор од планетата.

„Ви благодарам. Не можам да одлучам дали плачам поради видеото или затоа што Тим Пик го направи тоа. Моето дете ќе мисли дека сум многу кул“ – вели шеговито Адел, која подоцна пцуе на сцената. Нејзиниот говор беше пренесуван во живо од телевизиската куќа ITV1, па не беше навреме цензуриран недоличниот збор, што малку ги изненади гледачите пред ТВ екрани.

На крајот од манифестацијата, Адел се извини за кажаната пцовка.

Пораката од Тим Пик

Адел Адел Адел Адел Адел Адел Адел Адел Адел Адел Адел

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11092 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.