Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ВИДЕО: Елена Ристеска како Бритни Спирс во „Твоето лице звучи познато“

ВИДЕО: Елена Ристеска како Бритни Спирс во „Твоето лице звучи познато“

Откако во минатонеделната епизода на шоуто „Твоето лице звучи познато“ ја имитираше Северина, Елена Ристеска синоќа влезе во улогата на поп-ѕвездата Бритни Спирс.

Македонската пејачка го отпеа хитот „I'm a Slave 4 U“. Инспирирајќи се од настапот на Спирс на MTV Video Music Awards во 2001 година, Елена танцуваше и со жив питон.

Во интервју за српската телевизија Прва, Елена споделила кои се најсреќните мигови во нејзиниот живот. „Професионално, кога победив на шоуто за таленти „М2 - потрага по ѕвезда“ во 2002 година, затоа што тогаш започна мојата музичка кариера. Приватно, кога се роди мојата внука која се вика Делфина на 16 август 2014 година“ – рекла таа.

Кога била прашана кој е нејзиниот рецепт за успех, таа изјавила: „Работа, работа и само работа. Секогаш на крајот работата се исплаќа.“

Елена Ристеска Елена Ристеска

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11216 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.