Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ВИДЕО: Ева Мендез запеа за реклама на парфемот „Angel“

ВИДЕО: Ева Мендез запеа за реклама на парфемот „Angel“

Модел, актерка, а сега и пејачка. Ева Мендез реши да ни покаже повеќе свои таленти откако стана рекламно лице на познатиот парфем „Angel“ на Тиери Муглер.

37-годишната бринета во придружба на оркестар сними своја верзија на познатата песна „The Windmills of Your Mind“ за целите на новата рекламна кампања.

Ева Мендез за „Angel“

Иако тоа не била првобитната замисла за кампањата, откако екипата ја слушнала Ева како пее, решиле да го позајмат нејзиниот глас за „The Windmills of Your Mind“ (песната која било планирано да тече во позадина на рекламата).

Ева МендезЕва Мендез за „Angel“

„Израснав со Angel. Се сеќавам дека како дете си мислев: така мириса една жена“ – изјавила Ева.

Рекламата ќе биде објавена во септември.

Тиери Муглер очигледно знае како да привлече внимание поврзувајќи ги имињата на светски познати ѕвезди со своите производи. Неодамна на неговата ревија за колекцијата есен/зима 2011 се појави Лејди Гага во улога на манекенка и му донесе огромен публицитет.

Слушнете ја Ева (песната започнува на 3:10):

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11145 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.