Почетна » Новости » Мода » ВИДЕО: Лејди Гага зачекори на модната писта во Париз

ВИДЕО: Лејди Гага зачекори на модната писта во Париз

Лејди Гага стана и манекенка. 24-годишната пејачка самоуверено зачекори на модната писта на ревијата на Тиери Муглер.

Со тоа Гага му ја искажа својата поддршка на главниот дизајнер на Муглер, Никола Формичети, кој е нејзин многу добар пријател.

За време на шоуто таа се појави двапати на сцената. Првиот пат облечена во црна латекс сукња, проѕирна блуза, црн градник и црна шапка во војнички стил, Гага се појави со цигара в уста.

Лејди Гага Лејди Гага

Вториот пат, влезе во улога на „невеста“ и се појави во тесен бел фустан, превисоки обувки и додека дефилираш, размавтуваше долго бело парче ткаенина.

Лејди Гага Лејди Гага

Лејди Гага беше музички директор на шоуто и таа избра во оваа прилика да го објави својот нов сингл „Government Hooker“. Ова не е прв пат Гага премиерно да објави сингл за време на модно шоу. Минатиот месец таа премиерно го пушти својот сингл Scheiße на ревијата на Муглер за машка облека.

Еве го настапот на Лејди Гага на Париската модна недела:

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11063 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.