Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Ева Мендез сними едиторијал за „Violet Grey“ и проговори за ќерка си Есмералда

Ева Мендез сними едиторијал за „Violet Grey“ и проговори за ќерка си Есмералда

Ева Мендез и Рајан Гослинг пред помалку од три месеци станаа родители. Славниот пар се труди максимално да го зачува приватниот живот подалеку од љубопитните медиуми, па изненадувачки е што Мендез одлучи отворено да зборува за мајчинството.

40-годишната актерка позираше за „театарски“ едиторијал за „Violet Grey“, а за време на интервјуто открила дека нема бебиситерки и дека е преморена како сите нови мајки. „Изморена сум како нова мајка. Засега немам бебиситерка, но ја разгледувам идејата да имам бебиситерка во иднина. Есмералда има две прекрасни баби и неверојатни тетки кои доаѓаат и навистина ми помагаат“ – рекла таа.

Ева Мендез Ева Мендез

„Мислев дека моите луди ноќи останаа во минатото, но овие се едни од најлудите ноќи кои некогаш сум ги имала“ – додала среќната мајка.

Ќерката на Мендез и Гослинг се вика Есмералда Амада, а инспирацијата за името доаѓа од литературното дело „Ѕвонарот на Богородичната црква во Париз“. „И двајцата го сакаме ликот Есмералда од романот „Ѕвонарот на Богородичната црква во Париз“ на Виктор Иго и сметаме дека тоа е убаво име. Нејзиното средно име е Амада, така се викаше баба ми. На шпански значи сакана“ – објаснила Мендез.

Ева Мендез Ева Мендез Ева Мендез Ева Мендез

Фотографиите ги потпишува Ема Самертон.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10614 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.