Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ВИДЕО: Виолета Томовска ја отпеа „Македонско девојче“ на концерт посветен на Јонче Христовски

ВИДЕО: Виолета Томовска ја отпеа „Македонско девојче“ на концерт посветен на Јонче Христовски

Делата на Јонче Христовски синоќа беа отпеани на големата сцена во Македонската опера и балет.

На концертот на Камерниот оркестар на Битола ⋮IWConnect уживаа стотици гости, кои заедно со изведувачите ги пееја безвременските песни на доајенот на македонската народна музика.

Неговите најубави бисери ечеа од грлата на неколку македонски музичари, меѓу кои и Виолета Томовска.

Легендарната пејачка со емоции ја отпеа „Македонско девојче“, која Јонче ѝ ја подари за првиот роденден на нејзината ќерка.

„Би сакала да се заблагодарам на организаторите за животот на Јонче Христовски кој го помина со песна. Но, не само за себе, туку на сите нас ни подари безвременски хитови. Тој ги создаваше хитовите за сè она што можеше да го допре, да живее... Тоа останаа безвременски песни што и нашите идни генерации ќе ги пеат“ – изјави Томовска на сцената.

Концерт на Камерниот оркестар на Битола Концерт на Камерниот оркестар на Битола

Ова беше вториот концерт на Камерниот оркестар на Битола ⋮IWConnect кој се одржа во чест на Јонче Христовски. Првиот беше на 4 април во Битола.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11500 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.