Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ВИДЕО: Адел покани два фанови да запеат на сцената на концерт во Ирска

ВИДЕО: Адел покани два фанови да запеат на сцената на концерт во Ирска

Адел исполнува желби. Популарната пејачка покани два свои големи фанови да запеат на сцената на концертот кој го одржа во Даблин, во рамките на својата eвропска турнеа.

Ронан Сколард и Глен Марфи се талентирано дуо кое сними видео во кое изведува микс од хитови на Адел. Кога нивната изведба стигнала до ушите на 27-годишната пејачка, таа била импресионирана.

Откако дознала дека се од Ирска, популарната музичка ѕвезда одлучила да им приреди големо изненадување за време на посетата во нивната земја. Таа им ја отстапи сцената на големиот концерт во Даблин и им дозволи накратко да ја забавуваат публиката, додека таа уживаше во нивната изведба.

Среќните реакции на Ронан и Глен покажуваат дека ова е момент кој тие никогаш нема да го заборават.

Погледнете го и видеото со кое двата Ирци го освоија срцето на Адел:

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11415 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.