Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ВИДЕО: Адел им оддаде почит на жртвите во Брисел со песната „Make You Feel My Love“

ВИДЕО: Адел им оддаде почит на жртвите во Брисел со песната „Make You Feel My Love“

Адел им се придружи на илјадниците лица кои им оддадоа почит на жртвите во терористичките напади во Брисел поради кои згаснаа десетици животи. Популарната пејачка на својот концерт во Лондон зборуваше за вчерашните експлозии во престолнината на Белгија и во чест на жртвите ја испеа „Make You Feel My Love“.

„Сакам сите да пеете со мене за тие да можат да нè слушнат“ – беа зборовите со кои Адел ѝ се обрати на публиката пред да ја започне изведбата.

„Мислам дека никогаш не сум била толку трогната во мојот животот на некое од моите шоуа, тоа беше толку убаво. Ви благодарам“ – вели Адел по завршувањето на песната.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 12026 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.