Синот на Северина Вучковиќ заплива во тинејџерските води.
Александар денес полни 13 години, а по тој повод, хрватската музичарка објави фотографии од Малдиви и од неговото детство. 52-годишната пејачка сподели емотивна порака во која напиша дека децата растат брзо и му посака на Александар да биде добар човек и да биде среќен.


„13 години имам голема среќа да живеам со прекрасен, сега веќе – дечко. Паметен, мудар, можеби и премногу за своите години... и искрен дечко. Тој е горд на сè, а јас гордо чекорам покрај него. Понекогаш, загледани во ѕвездите, а понекогаш во читање лектира. Брзо растат, толку брзо што не можете ниту да стигнете да кажете „Ехеј, каде и да одиш, само биди добар човек и биди среќен, само биди ми среќен. Па среќен роденден, прекрасен мој сине“ – напиша таа.



Северина го има Александар од бракот со бившиот сопруг Милан Поповиќ. Таа се раздели со него во октомври 2012 година, по што започна и нивната борба за старателство над Александар.
Во ноември 2019 година, нејзе ѝ беше одземено старателството и таа можеше да го гледа синот само двапати неделно попладне и секој втор викенд да го поминува со него од сабота наутро до недела навечер.
Пред точно една година, Северина извојува важна победа и си го врати синот токму на неговиот 12-ти роденден.








