Викторија и Дејвид Бекам уживаат со децата на нивната јахта од 16 милиони фунти.
51-годишната дизајнерка и 50-годишниот поранешен фудбалер споделија фотографии од летната авантура во Сен Тропе и добија бројни комплименти дека имаат „прекрасно семејство“.
Дејвид позираше без маица и ги истакна стомачните мускули, а покажа и дека јадеше тартуфи во Лорг.
Парот беше придружуван од ќерката Харпер, синот Ромео и синот Круз со девојката Џеки Апостел.
Круз пресоздаде популарни пози на татко си Дејвид и докажа дека го наследил талентот на мајка си, која во минатото беше дел од женската група Spice Girls.
		
