Ријана не запира со експериментирање со трудничкиот стил дури ни во третата бременост.
37-годишната пејачка беше магнет за погледи во црн фустан со исечоци на ревија во рамките на Париската машка модна недела.
На модното шоу, Ријана го истакна трудничкото стомаче во креација од дизајнерот Рик Овенс. Музичката ѕвезда го придружуваше својот партнер Ејсап Роки.











Во Градот на светлината и љубовта, ѕвездата од Барбадос беше фотографирана и во уште два други стајлинга.





