Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Блогерката Камила Коељо е бремена, сподели дека епилепсијата ѝ го одложувала сонот да стане мајка

Блогерката Камила Коељо е бремена, сподели дека епилепсијата ѝ го одложувала сонот да стане мајка

По компликации поради епилепсијата, Камила Коељо конечно ќе го добие најубавиот подарок. Славната модна блогерка објави дека ќе стане мајка.

Убавата Бразилка ја сподели веста со своите обожаватели преку фотографии и видео. Таа откри дека моментално е во 23-тата недела од бременоста.

„Соништата се остваруваат! Ова навистина беа најсреќните 23 недели од мојот живот. По чувствително патување, со многу страв и фрустрации поради мојата епилепсија, Бог нè благослови со најспецијалниот подарок во животот, оној за кој најмногу сонувавме – НАШЕ БЕБЕ!“ – напиша Камила на првите фотографии со стомачето. Фотосесијата ја сними за „Вог“ Бразил.

Камила Коељо

Епилептичните напади се неповолна состојба за време на бременоста. Ова особено се однесува на силните напади, кои ако се јават во напредна бременост, може да предизвикаат недостиг на кислород кај плодот, а со тоа може да дојде до последици за фетусот или предвремено породување.

Камила и нејзиниот сопруг Икаро се заедно 16 години, а дури пред една година добиле дозвола од докторите да започнат да се обидуваат да зачнат бебенце. Камила има епилепсија од 9-годишна возраст, но за среќа, со соодветни лекарства, нападите се под контрола.

По девет месеци неуспешни обиди, Камила конечно доби две цртички на тестот за бременост.

Камила Коељо

Во YouTube видео, Камила споделува детали за забременувањето, прикажува снимки од моментот кога со Икаро дознаа дека ќе станат родители, како и од радосните мигови кога им ја соопштија веста на семејствата.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 12006 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.