Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Блогер наиде на остри реакции заради текст во кој ја исмејува Ријана за зголемената тежина

Блогер наиде на остри реакции заради текст во кој ја исмејува Ријана за зголемената тежина

Крис Спањуоло стана мета на бран остри коментари откако објави шовинистички текст во кој ја исмејува и навредува Ријана за тежината и изразува загриженост дека заради неа, дебелината ќе станела тренд кој пред летото ќе го следеле и другите девојки.

Верувале или не, насловот на текстот во кој тој вели дека Ријана изгледа како да носи „сумо костим“ е: „Дали Ријана ќе направи дебелината да биде новиот жежок тренд?“

Фотографии од вечерно излегување на Ријана го поттикнале Крис да го напише текстот.

Ријана Ријана

„Ја гледаш дека турка кон 80-ката и тешко е да се голтне тоа. Со толпата која ја прифаќа дебелината и ставот „сакај ме каква што сум“, дефинитивно можам да замислам женски кои ја гледаат Ријана со силен цитат како „Не ми е гајле, едноставно обожавам пица“ кој ќе стане вирален и бам ќе завршиме во свет во кој сите жешки девојки ќе изгледаат како луѓето од Wall-E. И тоа токму за летото. Може да е на повидок свет со дами со облик на Хинденбург протнати во едноделни костими за капење сега кога Ријана се расшетува наоколу изгледајќи како да е во сумо костим“ - пишува Крис.

Откако започнаа да се нижат критиките кон авторот, текстот беше избришан.

Веќе извесно време на социјалните мрежи се споделуваат коментари за тежината на Ријана. Додека некои фанови ѝ упатуваат комплименти, други шират шпекулации дека е бремена.

Ријана Ријана Ријана Ријана Ријана

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11912 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.