Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Блејк Лајвли му возврати на критичар кој ја „советуваше“ да го отпушти нејзиниот стилист и да си најде нов

Блејк Лајвли му возврати на критичар кој ја „советуваше“ да го отпушти нејзиниот стилист и да си најде нов

Блејк Лајвли важи за една од холивудските дами со најдобар стил, а не е тајна дека таа нема ангажирано стилист. 31-годишната актерка го користи своето изострено чувство за мода при склопувањето на комбинации за секое нејзино појавување на јавни настани и свечености.

Додека го промовираше својот најнов филм „A Simple Favor“, харизматичната сопруга на Рајан Рејнолдс се појави во комбинација која се состоеше од кариран костум од францускиот дизајнер Ролан Муре, чанта од Валентино и обувки од Кристијан Лобутин.

Блејк Лајвли

Филмската ѕвезда на својот Instagram профил објави фотографија од својот стајлинг, но покрај илјадници комплименти, таа доби и негативен коментар на кој возврати на хумористичен начин.

„Го велам ова со многу љубов и почит кон тебе, те молам најми стилист или отпушти го оној кој ти е моментално“ – е коментарот на корисникот gabeluna.

„Благодарам за советите, господине. За жал, многупати се имам обидено да ја отпуштам Блејк Лајвли. Но, таа к**** постојано се враќа. Не сака да ме остави на мира“ – му напиша Лајвли на коментарот.

A post shared by @commentsbycelebs on

Блејк неретко е нарекувана модна икона на денешницата.

Блејк Лајвли Блејк Лајвли Блејк Лајвли Блејк Лајвли Блејк Лајвли

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 27148 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.