Почетна » Новости » Шоу-бизнис » „Благодарна сум за секој момент со тебе“: Кортни Кокс со порака за Метју Пери кој почина на 54-годишна возраст

„Благодарна сум за секој момент со тебе“: Кортни Кокс со порака за Метју Пери кој почина на 54-годишна возраст

Две недели по смртта на Метју Пери, неговата колешка и пријателка Кортни Кокс напиша емотивна порака за него.

Кортни Кокс

59-годишната ѕвезда од „Пријатели“, која се прослави по улогата на Моника Гелер, сподели сцена од хит-серијата во која глумеа заедно. Во описот напиша:

„Многу сум благодарна за секој момент кој го имав со тебе Мети и ми недостигаш секој ден.“

„Кога работиш толку блиску со некој, како што работев јас со Метју, има илјадници моменти кои сакаш да ги споделиш. Засега, еве еден од моите омилени.“

„Да ви дадам малку контекст, Чендлер и Моника требаше да имаат авантура за една вечер во Лондон. Но, поради реакцијата на публиката, тоа беше почетокот на нивната љубовна приказна. Во оваа сцена, пред да започне снимањето, тој ми шепна смешна линија за да ја кажам. Често правеше така. Беше забавен и љубезен.“

Метју почина на 28 октомври. Тој бил во бесознание кога пристигнала брзата помош. Немало траги од насилство и не била пронајдена дрога. Наводно, причината за смртта била давење во џакузи.

Кортни Кокс

Харизматичниот актер беше најпознат по улогата на Чендлер во „Friends“ (Пријатели).

Кортни Кокс Кортни Кокс

Претходно, актерот Мет Лебланк објави емотивна порака за својот пријател.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 25603 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.