Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Бијонсе во црна комбинација на бродвејскиот мјузикл „Аладин“

Бијонсе во црна комбинација на бродвејскиот мјузикл „Аладин“

Присуството на Бијонсе на мјузиклот „Аладин“ во Њујорк не остана незабележано. Музичката ѕвезда беше фотографирана во црно мини здолниште од House of CB, црни штикли и црна кошула со отвори на лактите. Чантата во боја на слонова коска, со која пејачката ја освежи црната комбинација, е од брендот Valentino.

Бијонсе сподели неколку фотографии од модната комбинација на својот Инстаграм-профил. Обожавателите беа воодушевени од изборот на пејачката, а особено од здолништето кое ги истакна нејзините нозе. И покрај тоа што Бијонсе пред само три месеци ги роди близнаците Сер и Руми, фановите и критичарите се согласни дека таа изгледа одлично.

Бијонсе Бијонсе Бијонсе Бијонсе Бијонсе Бијонсе Бијонсе Бијонсе Бијонсе

Mинатата недела Бијонсе беше повторно забележана на Бродвеј. Тогаш, таа ги изненади изведувачите во мјузиклот „Драг Еван Хансен“, кога ненајавено се појави зад сцената за да им честита на успешната изведба. Актерот Бен Плат не можеше да ја скрие својата возбуда што лично ја запозна славната пејачка, а заедничката фотографија со неа ја сподели на Твитер и Инстаграм.

Бијонсе

Не само Плат, туку и целата актерска екипа на мјузиклот беше пријатно изненадена од гестот на Бијонсе. На Инстаграм-профилот на авторот на музиката на мјузиклот, Бен Пејзек, беше објавено заедничкото селфи на екипата и славната пејачка.

Бијонсе Бијонсе Бијонсе Бијонсе Бијонсе

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11117 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.