Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Бинди Ирвин, ќерката на „ловецот на крокодили“, се породи и ја сподели првата фотографија со бебето

Бинди Ирвин, ќерката на „ловецот на крокодили“, се породи и ја сподели првата фотографија со бебето

Бинди Ирвин и Чендлер Пауел станаа родители.

Младиот брачен пар доби ќерка и ја сподели првата фотографија со бебенцето. 22-годишната ќерка на Стив Ирвин, познат како „ловецот на крокодили“, позираше со 24-годишниот сопруг и новороденото девојче.

Бинди Ирвин и Чендлер Пауел

Со името на бебето, парот му оддаде почит на прерано починатиот татко Бинди и на свои далечни роднини.

„25 март 2021. Славам за двете љубови на мојот живот. Среќна прва годишнина од свадбата на мојот сакан сопруг и среќен роденден на нашата убава ќерка. Грејс Вориор Ирвин Пауел. Нашиот нежен ангел е најубавата светлина. Грејс е крстена по мојата прабаба и роднини на Чендлер кои живееле во 1700-тите. Со нејзините средни имиња, Вориор Ирвин, му оддаваме почит на мојот татко и на неговото наследство како најневеројатниот Борец за дивиот свет. Нејзиното презиме е Пауел и веќе има многу нежна душа како нејзиниот татко. Нема зборови за да ви го опишам бескрајното количество љубов во нашите срца кон ова наше слатко девојче.“

„Таа избра совршен ден за да се роди и ние се чувствуваме извонредно благословени“ – напиша Бинди.

Чендлер сподели уште една фотографија од слатката Грејс.

Бинди Ирвин и Чендлер Пауел Бинди Ирвин и Чендлер Пауел

Бинди и Чендлер стапија во брак во април минатата година, а во август таа објави дека е бремена.

Бинди Ирвин и Чендлер Пауел Бинди Ирвин и Чендлер Пауел Бинди Ирвин и Чендлер Пауел Бинди Ирвин и Чендлер Пауел Бинди Ирвин и Чендлер Пауел

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10345 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.