Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Бил Козби конечно со лисици, осуден на 3 до 10 години за дрогирање и силување

Бил Козби конечно со лисици, осуден на 3 до 10 години за дрогирање и силување

Бил Козби неодложно заминува зад решетки. Популарниот актер, кој беше обвинет од над 50 жени за сексуално малтретирање и дрогирање, беше осуден на 3 до 10 години затвор за сексуалниот напад на Андреа Констад пред 14 години.

Бил Козби

„Тој мислеше дека ќе се извлече“ – изјавила Викторија Валентино, поранешна Плејбој зајачица, која го има обвинето Козби дека ја силувал под дејство на дрога што ѝ ја подметнал.

81-годишниот комичар ќе биде подложен на доживотно советување и ќе биде заведен во регистарот на сексуални престапници.

Бил Козби

Судијата во Филаделфија го нарече Козби „насилен сексуален предатор“. Во својата изјава пред судот, Андреа вели: „Бил Козби ми го одзеде мојот убав, здрав, младешки дух и го скрши. Тој ми ги украде моето здравје и мојата виталност, мојата отворена природа и мојата верба во себе и другите луѓе. Никогаш не се омажив и немам партнер. Живеам сама. Моите кучиња ми се постојани придружници и најблиските роднини ми се најблиски пријатели...“

Бил Козби

Козби е првата славна личност која заврши во затвор по почетокот на движењето #МеТоо.

Камил, која е во брак со Козби 54 години, не беше присутна во судницата.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 12020 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.