Марија Шерифовиќ ужива во летото.
По бројните концерти во рамките на нејзината турнеја „Долази љубав“, 40-годишната српска пејачка е на одмор со синчето Марио. Талентираната музичарка сподели две фотографии на кои едногодишното детенце скока од работ на базенот во нејзините раце.
„Конечно“ – напиша таа.



Марија го доби синчето во декември 2023 година со помош на сурогат-мајка. Таа сподели дека претходно се обидувала самата да износи бременост, но не успеа.


