Скарлет Јохансон со еден потег ги размрда и прстите на фоторепортерите и прстите на интернет корисниците.
40-годишната актерка го бакна во уста својот колега Џонатан Бејли на премиерата на „Jurassic World Rebirth“ во Лондон. Пред да позираат заедно на синиот тепих во киното „Odeon Luxe Leicester Square“, Скарлет нежно го бакна Џонатан и предизвика лавина коментари.




„Тој е среќник, дечкото го живее мојот сон“, „И јас сакам пријателски бакнеж“, „Грозно е што сè прават актерите за да си ги промовираат филмовите“, „Го обожавам ова дуо“, „Тој отворено има кажано дека е хомосексуалец. Нема што да се види тука“ – ова се само дел од коментарите.










Јохансон од 2020 година е во брак со актерот Колин Џост и имаат две деца.

Бејли во 2023 година потврди дека се гледа со прекрасен човек, но не го има откриено името на својот партнер.
„За мене е критично да имам приватен живот. Не е тајна, но е приватно“ – рекол тој.
Акциониот филм „Jurassic World Rebirth“ ќе започне да се прикажува во киносалите на 2 јули.