Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Анџелина Џоли позираше со пчели врз себе за Светскиот ден на пчелите

Анџелина Џоли позираше со пчели врз себе за Светскиот ден на пчелите

Вчера беше Светскиот ден на пчелите.

Анџелина Џоли ги здружи силите со National Geographic за да ја подигне свеста кај луѓето и да ја истакне важноста на заштитата на пчелите. 45-годишната актерка и активистка позираше за впечатлива фотографија со група пчели врз себе. Фотографијата била направена од пчеларот Ден Винтерс.

Фото-проектот на бил едноставен. Анџелина открила дека не смеела да се тушира три дена пред фотосесијата.

„Беше многу забавно да си дотеран со фризура и шминка и да се премачкуваш со феромон. Не требаше да се тушираме во претходните три дена. Ни рекоа: ‘Ако ги имате сите тие различни миризби на шампони и парфеми и други нешта, пчелите нема да знаат што сте’“ – објаснила таа.

„Една од пчелите цело време беше под мојот фустан. Беше како во некоја од оние стари комедии. Ја чувствував на моето колено и на мојата нога и потоа помислив: ‘Ова е најлошото место за убод’“ – се пошегува ѕвездата од „Maleficent“.

Анџелина Џоли

Кампањата била направена во чест на Светскиот ден на пчелите, а преку неа Анџелина порача дека е исклучително важно сите ние да помогнеме во заштитувањето на пчелната популација.

Џоли неодамна беше назначена за „кума“ на „Women for Bees“, програма лансирана од УНЕСКО за обучување и поддршка на жените пчеларки-претприемачи низ целиот свет.

Анџелина Џоли

Видео

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 12005 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.