Анџелина Џоли блесна на насловната страница на јапонскиот „Вог“ откако две од нејзините деца кренаа голема прашина деновиве.
За јулското издание на модното списание, 49-годишната актерка сними фотосесија која „ја слави фузијата на јапонската традиција, одржливата мода и нејзиниот личен бренд, Atelier Jolie“.





Фотографиите на Џоли беа објавени по ширењето на веста дека нејзината ќерка Шајло си го променила името една година по отфрлувањето на презимето на татко ѝ Бред Пит.
Според информациите во странските медиуми, 19-годишната девојка била кореографка за синглот „Naïve“, а се потпишала со ново име: Shi Joli (Шај Џоли).

Викендов, медиумите споделија фотографии од синот на Анџелина, Пакс, на кои се гледа дека тој е под дејство на алкохол.




Пред неколку години, Пакс јавно сподели дека има негативни чувства кон татко си, нарекувајќи го „светски шупак“ и „ужасно човечко суштество“ кое им го направил животот на децата пекол.

Бред и Анџелина се разделија во 2016 година по инцидентот во авион кога актерот вербално и физички ги малтретирал шесте деца, кои сега живеат со мајка им.
