Антониа Гиговска и Роберт Спасенцовски станаа родители.
Веста дека македонската пејачка се породи ја сподели новиот татко. „Станав ТАТКО. Фала ти Господе за оваа среќа“ – напиша Роберт.
Популарниот пар доби синче.





Таткото на Роберт, Боби, се огласи со емотивна порака:
„Велат Стеблото од Лозата многу го сакаш пошто ти си го посадил и е само твое, ама кога ќе роди стеблото и ќе добиеш плод уште повеќе си среќен... така и јас денес сум многу среќен. Денес добив внук, станав Дедо.“
Антониа и Роберт се верија во јануари оваа година, кога ја споделија и веста за бременоста. Тие стапија во брак на 30 април.
