Лили Олдриџ е во блажена состојба.
32-годишниот ангел на Victoria’s Secret и нејзиниот сопруг Калеб Фоловил го очекуваат второто дете. Познатата манекенка ја објави среќната вест со фотографија на Instagram.
„Изненадување“ – напиша Олдриџ во описот.

Лили и фронтменот на групата Kings of Leon се запознаа во 2007 година, а во 2011 година стапија во брак. Тие заедно имаат уште една ќерка, 6-годишната Дикси Перл.







Во 2015 година, Олдриџ беше избрана за да го носи градникот од фантазиите на Victoria’s Secret.

