Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Ана Ивановиќ и Бастијан Швајнштајгер во романтична фотосесија за „Вог“ Германија

Ана Ивановиќ и Бастијан Швајнштајгер во романтична фотосесија за „Вог“ Германија

Ана Ивановиќ и Бастијан Швајнштајгер снимија романтична фотосесија за германското издание на „Вог“.

31-годишната Србинка и 34-годишниот Германец позираа на плажа и зборуваа за довербата во врската и семејните моменти.

„Секој ден сум благодарен за моментите поминати заедно, ние тројцата“ – вели Бастијан. „Сметам дека комуникацијата е многу важна во секоја врска и потоа можеш да правиш компромис, можеш да правиш сè да успее ако сакаш, но во основата стои љубовта и уживањето да минувате време заедно и всушност, да учите еден од друг“ – додава Ана во видеото.

Ана и Бастијан

„Ана знае точно што чувствувам и тоа ми го прави животот многу полесен. Ми се допаѓа тоа“ – признава славниот фудбалер.

„Кога ќе ја најдеш личноста со која ќе го делиш животот мора да има љубов, но исто така почит и разбирање“ – додава Ана.

Ана и Бастијан Ана и Бастијан

Познатите спортисти се заедно од 2014 година, а стапија во брак во 2016 година. Парот има едно синче.

ВИДЕО

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9535 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.