Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Амал Клуни во модерни изданија позираше во семејниот дом за „Вог“

Амал Клуни во модерни изданија позираше во семејниот дом за „Вог“

Амал Клуни е ѕвездата од мајското издание на „Вог“. 40-годишната адвокатка и хуманитарка ја покани екипата на модната библија во семејниот дом во Англија во кој живее со Џорџ Клуни и близнаците Ела и Александар.

Фотографиите, за кои Амал облече креации на Александар МекКвин, Оскар де ла Рента, Балман и Фенди, се дело на реномираната фотографка Ени Либовиц.

Амал Клуни Амал Клуни

Во интервјуто за модното списание, Амал ги коментираше првите зборови на малите близначиња. „Имавме неколку 'мама' и 'тата'. Џорџ беше многу внимателен со цел да биде сигурен дека 'Мама' ќе биде нивниот прв збор“ - рече таа.

Амал Клуни

За движењето #MeToo, Амал изјави: „Мислам дека поради храбрите жени кои истапија напред со своите стории, работната средина во иднина ќе биде побезбедна за мојата ќерка одошто беше за луѓето од мојата генерација. Во ситуација сме предаторот да се чувствува помалку безбеден, а професионалната жена побезбедна и токму така и треба да биде.“

Амал Клуни Амал Клуни Амал Клуни Амал Клуни

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11972 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.