Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Алесандра Амбросио го покажува домот во кој живее со двете деца

Алесандра Амбросио го покажува домот во кој живее со двете деца

Алесандра Амбросио ги отвори вратите од својот дом и ја покани екипата на Architectural Digest да ѕирне во куќата во која живее со своите две деца.

Имотот се наоѓа во Санта Моника, Калифорнија. „Потекнувам од мало гратче во Бразил, а Санта Моника има слични вибрации. Морав да сум блиску до плажа, некаде каде што можам да го чувствувам и мирисам океанскиот бриз. Ова е мојот рај“ - вели таа во интервјуто.

Видео

Во изминатиов период, 37-годишната манекенка работела со популарниот дизајнер на ентериери Мартин Лоренс Булард. За соработката со него, таа вели: „Мартин внесе многу боја, текстури и живот во проектот. Обожавам егзотични места, а тој знае како да оживее фантазија која е игрива и соодветна за децата. Не сакав ништо сериозно.“

На фотографиите, Алесандра позира со своите деца – Анџа и Ноа. „Постојано патувам поради работата, но кога не сум на пат, сакам да сум дома со децата“ - вели таа.

Домот на Алесандра Амбросио Домот на Алесандра Амбросио Домот на Алесандра Амбросио Домот на Алесандра Амбросио Домот на Алесандра Амбросио Домот на Алесандра Амбросио Домот на Алесандра Амбросио Домот на Алесандра Амбросио Домот на Алесандра Амбросио Домот на Алесандра Амбросио Домот на Алесандра Амбросио Домот на Алесандра Амбросио Домот на Алесандра Амбросио Домот на Алесандра Амбросио Домот на Алесандра Амбросио Домот на Алесандра Амбросио

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9467 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.